Куманово Гас ќе продава гас по цена од 34 денари за кубен метар

Bez autora
Jan 20 2013

ЈП Куманово Гасс ќе продава гас по цена од 34 денари за кубен метар. Советот на општина Куманово на 78. седница на Советот го поддржа предлог-решението за давање согласност на одлуката за определување на цена за вршење на дејностите дистрибуција на природен гас, управување со системот за дистрибуција на природен гас и снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција. Со донесувањето на цената и по објавувањето во Службен весник, јавното претпријатие ќе може да започне со потпишување договори со заинтересираните правни и физички лица. Во претпријатието постојано пристигнуваат барања од месни заедници и куќни совети кои бараат приклучок кон гасоводната мрежа.

Куманово Гас ќе продава гас по цена од 34 денари за кубен метарЈП Куманово Гасс ќе продава гас по цена од 34 денари за кубен метар. Советот на општина Куманово на 78. седница на Советот го поддржа предлог-решението за давање согласност на одлуката за определување на цена за вршење на дејностите дистрибуција на природен гас, управување со системот за дистрибуција на природен гас и снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција.

- Со донесувањето на цената и по објавувањето во Службен весник, јавното претпријатие ќе може да започне со потпишување договори со заинтересираните правни и физички лица - вели директорот на ЈП Куманово Гасс, Момчило Мирчевски.

Во претпријатието постојано пристигнуваат барања од месни заедници и куќни совети кои бараат приклучок кон гасоводната мрежа. Досега претпријатието постави 16.960 метри гасоводна мрежа. Цената за приклучокот на гасот за домаќинствата е предвидена да биде 800 евра, а заинтерисираните може да ја плаќаат на неколку месечни рати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik